Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, превезени се 11 083 000 патници, од кои 10 404 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 679 000 патници.
Со 1860 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 51 365 000 километри, од кои 45 554 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5 811 000 километри.
Податоците за такси-превозот се добиени од 241 извештајна единица.
Прочитајте и дознајте детално:
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика