МЕ: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се врати растот и вработеноста после Ковид 19

МинистерстваМЕ: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се врати растот...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Северна Македонија е силен поддржувач на мултилатералниот трговски систем заснован на правилата во Светската трговска организација (СТО), кој дава поголема сигурност во трговските односи, особено за малите земји, и придонесува за промовирање на отворена трговија, глобален економски раст и создавање нови работни места.

Министерот за економија Крешник Бектеши на  средбата со извршниот потпретседател на Европската комисија за економија која работи со луѓе и еврокомесар за трговија, Владис Домбровскис истакна дека трговијата во целост треба да се движи во чекор со развојот на настаните во глобалната економија.

Министерот Бектеши и еврокомесарот Домбровскис се согласија дека се потребни  реформи во СТО за да се воспостават нови правила што ќе ја модернизираат оваа организација и ќе се усогласат со економската и трговската реалност од 21 век.

Реформите треба да се во насока на трговска одржливост почитувајќи ги целите на ООН Агендата за одржлив развој 2030, интегрирање на бизнис сектор во тие цели и тековните предизвици поврзани со Ковид-19 во меѓународната трговија со крајна цел раст на вработеноста и раст на економиите.

Циркуларна економија, позеленување на земјата и намалување на загадување со пластика, одржување синџири на вредности,  олеснување на инвестициите  преку создвање на ефикасен систем на транспарентност и намалена бирократија, односно бирократско преклопување или застарени процедури кои се клучни скапи пречки за инвестирање, се дел од тие реформи, за што во рамките на СТО се развиени бројни иницијативи.

Имено, Северна Македонија е ко-спонзор на 6 приоритени иницијативи и тоа: за е-трговија, домашната регулатива за услуги, олеснување на инвестициите за развој, формирање на  неформална работна група за микро, мали и средни претпријатија, трговија и животна средина / клима, како и либерализација на зелените добра и услуги при СТО.

Министерот Бектеши истакна дека очекува суштински напредок да се постигне на 12 Министерска конференција на СТО што се планира да се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година, за што сите земји членки на СТО треба во овој период, односно до одржување на конференцијата активно да работат на подготовка на соодветни спогодби односно програми по иницијативите.

Овие иницијативи се наменети за поддршка на малите и средни претпријатија, кои треба да придонесат за подобро учеството  во глобалната трговија.

Денес, 95% од компаниите низ целиот свет се мали и средни претпријатија, сочинувајќи 60% од вкупното вработување во светот.

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img