МП: Реформите во правосудството препознаени од меѓународниот фактор

МинистерстваМП: Реформите во правосудството препознаени од меѓународниот фактор
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на емисијата „Објектив“ на Националниот сервис кажа дека извештаите на Стејт Департментот, Европската комисија, како и „Фридом Хаус“, ГРЕКО и повеќе други меѓународни организации и тела, покажуваат дека реформите во судството даваат резултати во однос на владеењето на правото. Според министерот, полека се менува и перцепцијата на граѓаните за враќањето на правната држава.

-Судството не е нешто што се менува преку ноќ. Тука има со години наталожени проблеми и со години наталожени перцепции. Ако ги следиме анкетите изминатиов период ќе видиме дека имаме подобрување во правосудството. Довербата етапно се враќа. Јас сум задоволен што и на дело покажуваме опипливи резултати дека може поинаку. Ако продолжи трендот да нема селективност во правдата, законот за важи за сите подеднакво, да се најдат сите пред лицето на правдата без разлика дали се од оваа или претходната Власт, тоа граѓаните ќе го препознаат и го препознаваат, кажа Маричиќ.
Министерот за правда кажа дека процесот на враќањето на довербата на граѓаните во правосудството не е лесен процес, но изборот е едноставен. Или ќе имаме правна држава во која законот ќе важи за сите или ќе имаме заштитена класа на политичари, потенцираше Маричиќ.
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img