НАЕОМ: Рокот за аплицирање на Клучна акција 1 е продолжен за седум дена

Самостојни органиНАЕОМ: Рокот за аплицирање на Клучна акција 1 е продолжен за седум...

Најчитано

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека рокот за поднесување на апликации за Програмата Еразмус+, Клучна акција 1 се продолжува, наместо 11 Мај 2021 година, сите заинтересирани ентитети ќе може своите апликации да ги поднесат до 18 Мај 2021 година, 12 часот (пладне), Бриселско време.

Продолжувањето на рокот е поради технички проблем во системот за поднесување на апликации во Брисел.

Мобилностите во Клучната акција 1 создаваат можности за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и да ја зголемат својата културна свест и размена на искуства.

Проектите за учениците и професорите овозможуваат патување во друга програмска држава за учење, работа, предавања, да обучуваат или да развиваат професионални вештини.

Повеќе информации поврзани со апликациите и достапните буџети можете да најдете на  нашата веб страна.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе