Почитувани корисници,
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во период од 9 до 23 април 2021 спроведе презентации за новата Еразмус+ програма 2021-2027 година. Презентациите се реализираа одделно по клучни акции:
Клучна акција 1 – Мобилности за учење на индивидуи (12, 13, 14 април 2021 година)
Клучна акција 2 – Соработка помеѓу организации и институции (19, 20, 21, 22, 23 април 2021 година).
Реализираните презентации имаа за цел да се информираат присутните за новата Еразмус+ програма, клучните акции и можности кои истата ги нуди.
Дополнително учесниците имаа можност да постават прашања со цел да добијат повеќе информации кои ќе им послужат при подготовка на своите предлог апликации.
Презентациите и поставените прашања од присутните се достапни во прилог.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност