spot_img

ССМ: Синдикална кошница за месец Април 2021 година

СиндикатиССМ: Синдикална кошница за месец Април 2021 година

Најчитано

 

Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1% па поради тоа, вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2021 година изнесува 33.976,00денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше Минималната плата треба да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците.

Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалоци, обивки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе