spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Изграден нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово

МФ: Изграден нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово

Изграден е нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ на влезот на Тетово, во вкупна вредност од 985,4 илјади евра, финансиран преку Проектот за подобрување на општинските услуги, којшто го спроведува Министерството за финансии со поддршка од Светска банка. Министерот за финансии, Фатмир Бесими заедно со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, на промоцијата по повод завршувањето на овој проект, истакнаа дека тој овозможува подобра поврзаност на градот, побезбеден сообраќај, подобрување на патната инфраструктура, економски развој на општината, подобар квалитет на живот на граѓаните, како и намалување на загаденоста во градот.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими посочи дека преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, со вкупен фонд од речиси 102 милиона евра, досега се поддржани над 260 капитални инвестиции, како изградба на локални патишта, комунална инфраструктура, градинки и друга општинска инфраструктура, во сите општини на Република Северна Македонија. Тој посочи дека проширувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ е уште еден успешно реализиран подпроект, и тоа во време на пандемија, и дека истиот има за цел подобрување на услугите што ги нуди општината за своите граѓани.

– Преку овој проект доделени се 986 илјади евра на општина Тетово за изградба на нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, од што директна корист имаат 11.000 жители од општината, како и сите граѓани од Полошкиот Регион. Овој подпроект е придонес кон одржливата заштита на животната средина преку намалување на штетните емисии, бучавата, климатските промени и енергетската ефикасност. Исто така, придонесува и кон економскиот развој во општината. Со изградбата на овој булевар, важен за сообраќајот во Тетово, исто така се обезбедуваат трите главни врски помеѓу општина Тетово со главниот град Скопје, потоа со Гостивар, како и со граничниот премин Јажинце – рече Бесими.

Булеварот е со вкупна должина од 0,7 км, ширина од 22м, со две ленти со ширина од по 7м, два тротоара со ширина од по 2.5м и една зелена зона со ширина од 3м. Покрај изградбата на коловозните ленти и тротоарите, во рамки на овој проект изградена е и атмосферска канализација, нова водоводна линија, а поставено е и улично осветлување на новоизградениот дел.

– Ми претставува особено задоволство што денеска, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, ја презентираме завршницата на проектот Индустриски булевар во Тетово – инфраструктурен проект вреден скоро 1 милион евра. Овие средства се обезбедени од Светска банка, преку инструментот МСИП 2 на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Оваа инвестиција овозможи олеснување на сообраќајот во градот, а истовремено има и своја еколошка димензија, овозможувајќи им на тешките транспортни возила што транзитираат низ Тетово да го избегнат движењето во централниот дел на градот – рече градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Министерот Бесими истакна дека ова е втората завршена крупна инвестиција во рок од три месеци во општина Тетово преку МСИП проектот. Имено, кон крајот на јануари беше промовиран Проектот за набавка на автобуси за градски превоз во износ од 720 илјади евра. Како резултат на успешното завршување на овие два проекта во вредност од над 1,7 милиони евра, министерот Бесими најави дека општината ќе добие грант преку Проектот за набавка на специјализирани комунални возила и опрема за јавното комунално претпријатие.

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...