spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Јавниот и државниот долг во првото тримесечје во рамки на проекциите

МФ: Јавниот и државниот долг во првото тримесечје во рамки на проекциите

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени, респективно. Јавниот долг изнесува 62,5%, додека државниот изнесува 54,1%.

Издавањето на осмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625%, е со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2014 година со каматна стапка од 3,975%.

Отплатата на еврообврзницата од 2014 година во јули годинава, ќе влијае врз намалувањето на тековната состојба и на јавниот и на државниот долг.

Врз состојбата на државниот и јавниот долг во првото тримесечје од годинава влијаеа и намалувањето на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, издавањето на 19-та емисија  обврзници за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекувањето 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од страна на јавни претпријатија. Исто така, отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони евра.

Согласно тековната динамика на реализација на јавниот и државниот долг, очекувањата се дека ќе останат во рамки на проекциите од 63,4% и 53,2% респективно.

На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8%, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум, додека државниот долг ќе се сведе на 51%. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Инаку, како резултат на корона-кризата, согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, кај скоро сите европски земји (освен Норвешка)  има висок раст на државниот долг во 2020 година во споредба со 2019 година. Така на пример, Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија раст на долгот од 27 процентни поени, а Грција раст од 24,3 процентни поени. Во регионот, покрај Грција, Албанија има најголем раст на долгот од 15,6 процентни поени, Словенија раст од 14,9 процентни поени и Хрватска 14,5 процентни поени раст на долгот.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...