МК: ФИАФ му оддаде почит на Борис Ноневски

МинистерстваМК: ФИАФ му оддаде почит на Борис Ноневски
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На еден од онлајн настаните, кои ги заменија активностите на планираниот годинaшен конгрес, Меѓународната федерација на филмски архиви ФИАФ му оддаде почит на Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката на Македонија, кој почина неодамна.

– Годинашниот, 77. конгрес на ФИАФ требаше да биде одржан месецов во Дака, Бангладеш, со што би се прославила и 50-годишнината од постоењето на националниот филмски архив на оваа земја. Со оглед на тоа што пандемијата сè уште не дозволува масовни настани со физичко присуство, ФИАФ од 21 до 23 април одржа неколку виртуелни настани како замена за планираниот конгрес. На 21 април три комисии на ФИАФ ги одржаа нивните годишни работилници за заштита на филмското наследство, а Генералното собрание на 22 и 23 април одржа виртуелно заседание со учество на 172-те членки на Федерацијата, на кое им беше оддадена почит на починатите истакнати членови, меѓу кои и Ноневски – соопшти Кинотеката.

Борис Ноневски (1948 – 2021) беше директор на Кинотеката во неколку мандати, а за време на неговото раководење, оваа установа ги збогати научно-истражувачката и издавачката дејност преку организирање интернационални симпозиуми. Како директор на Кинотеката, Ноневски во 1993 го организираше и првото интернационално издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а Кинотеката беше организатор на Фестивалот и во 1994 година.

Владата на Република Франција во 2009 година му додели на Ноневски високо одликување – „Витез во редот на уметностите и литературата“. 

Извор: Министерство за култура 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img