spot_img

МК: Изложбата „Голем формат II“ отворена за посетители во МСУ

МинистерстваМК: Изложбата „Голем формат II“ отворена за посетители во МСУ

Најчитано

Изложбата „Голем формат II“, oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје (МСУ), ќе биде отворена за посетители сѐ до почетокот на јуни.

На изложбата се претставени уметнички дела во голем формат – слики, инсталации и скулптури – од девет автори. Селекцијата на делата од колекцијата на МСУ ја направи кустосот Благоја Варошанец.

Во третата изложбена галерија од Музејот се изложени дела од: Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

„Голем формат II“ е изложба на дела од колекцијата од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.

Извор: Министерство за култура

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе