МК: Културно – информативниот центар во Тирана може да почне со работа

МинистерстваМК: Културно – информативниот центар во Тирана може да почне со работа
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Течат последните подготовки за официјалното започнување со работа на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Република Албанија, со седиште во Тирана.

Отворањето  на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за  унапредување и продолабочување на културната соработка меѓу двете земји.

Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани. Директор на КИЦ-Тирана, е  Златко Ориѓански.

Во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула,   интензивно се работи на  внатрешно уредување на просторот,   а директорот Ориѓански најавува реализација на разновидна  културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји.

Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно  Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на РСМ.

Извор: Министерство за култура 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img