spot_img

МК : Музички концерти и други содржини во Центарот за култура во Неготино

МинистерстваМК : Музички концерти и други содржини во Центарот за култура во...

Најчитано

Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“  од Неготино со поддршка на Министерството за култура во текот на 2021 година ќе реализира повеќе проекти од различни дејности на културата, а планирани се и гостувања на самостојни уметници од музичко-сценската дејност чии проекти се одобрени од  Министерство за култура.

Во фолклорната и сценско-уметничката дејност до крајот на 2021 година е предвидена поставка на сценска адаптација на ора и песни од Скопска Блатија, со носии од овој етнички предел. Одобрени се средства и за активностите на КУД „Јане Сандански“ кое функционира при оваа национална установа, а членовите на ова друштво, на крајот на годината, во согласност со здравствените протоколи, ќе одржи и традиционалниот  „Годишен концерт“.

За 2021 година во Центарот за култура Неготино ќе се реализираат и следниве активности: во јуни ќе се организира традиционалниот џез фестивал „Jazz 1440“, а пред публиката во овој град ќе бидат претставени и џез концертот „Вечер со Клод  Болинг“, како и најстарата традиционална музичка манифестација  „Бест  Воис“.

Предвидени се средства и за преземање на слики од ликовни колонии и изложби на самостојни ликовни уметници кои ќе се претстават во оваа национална установа. Исто така, ќе се организираат и изложби на фотографии од „Фото и видео клубот Ацо Ѓорчев“ -Неготино кој работи во рамките на Центарот за култура Неготино.

Во текот на месец декември  ќе се одржи и театарската претстава „Заеднички стан“, во изведба на членовите на Аматерскиот театар при Центарот за култура.

Од областа на инвестициите оваа година се одобрени средства за набавка на компјутерска опрема и тековно одржување на ПП опрема.

Во рамките на Годишната програма за работа на Центарот за култура , се одржуваат и многубројни литературни читања по повод „Светскиот ден на книгата“, „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“, „Светскиот ден на поезијата“, во соработка со Основните и Средното општинско училиште во Неготино.

Извор: Министерство за култура 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе