spot_img

МНР : 29 април – денот на министерството за надворешни работи

МинистерстваМНР : 29 април - денот на министерството за надворешни работи

Најчитано

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод 29 април – денот на МНР на Република Северна Македонија, заедно со вработените, на плоштадот „Мајка Тереза“, со пригоден настан го обележаа роденденот на министерството.

„Остварување на стратешките приоритети на нашата надворешна политика:  членството во НАТО, почеток на преговори со ЕУ, Стратешкото партнерство со САД, напредок на добрососедските односи, регионалниот напредок – некогаш треба да подвлечеме црта и да ги сумираме придобивките за целава земја кои почиваат на трудот и работата на дипломатијата“, истакна Османи во својот говор пред вработените.

Во своето обраќање кон дипломатите, Османи говореше и за новите предизвици кои ни претстојат: изготвувањето на десетгодишната стратегија – РЕФЛЕКСИЈА 2030; претседавањето со ОБСЕ 2023, засилено присуство и во други мултилатерални организации; Економската Дипломатија; дополнителен импулс и во регионалната соработка, новите иницијативи како ИНИЦИЈАТИВА 8; воведувањето на Преспа форум дијалогот итн.

Традиционално на овој ден се доделува наградата „Дипломат на годината“, која оваа година му припадна на дипломатот Ибрахим Кадриу, додека наградата „Млад дипломат на годината“ му беше доделена на дипломатот Драган Алчинов.

Оваа година, министерството за надворешни работи прославува 52 години раст и развој, кога за прв пат било формирано Бирото за односи со странство, односно институцијата – претходник на современото Министерство за надворешни работи

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе