МОН: Исплата на ученички и студентски стипендии за месец мај

МинистерстваМОН: Исплата на ученички и студентски стипендии за месец мај
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука информира дека е реализирана исплатата на средствата за ученички и студентски стипендии за месец мај 2021 година.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, веќе ги добија средствата на своите сметки.

Практиката на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годината, ќе продолжи и во следниот период, бидејќи од особена важност е младите навремено да ги добиваат средствата кои ги заслужуваат и кои значат мотив и поддршка во процесот на нивната едукација.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img