СЕП: Димитров на средби во естонскиот Парламент

ВладаСЕП: Димитров на средби во естонскиот Парламент
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, по средбата во МНР,  во Талин оствари средба и со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент.

Димитров упати благодарност за поддршката на пристапниот процес на Северна Македонија кон НАТО, како и за заложбите во однос на европската интеграција. Тој го презентираше и напредокот во клучните реформски области, со особен фокус на кластерот „Темели“, подвлекувајќи дека Северна Македонија е одлучна дека европските вредности мора да се донесат дома.

Димитров: „Естонското искуство и перспектива од интегративниот процес е многу важно, гледајќи ја трансформацијата што го овозможи процесот и членството во ЕУ. Токму ова искуство, пренесено низ зајакната билатерална соработка во различните сфери може многу да ѝ користи на Северна Македонија на најзиниот пат кон европеизација.“

Естонските парламентарци се сложија дека ЕУ треба да ги вложи сите напори за што побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, по што би следело одржување на првата меѓувладина конференција.

Вицепремиерот ја поздрави меѓу-парламентарната соработка на двете земји, подвеклекувајќи дека пренесувањето на естонските искуства од интегрирање на ИКТ алатките во работата на законодавниот дом ќе придонесат кон значително унапредување и модернизирање на работата на македонскиот Парламент.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img