СЕП: Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот

ВладаСЕП: Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со...

Најчитано

Димитров на Денот на Европа:

„Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници.”

По повод 9 Мај, Денот на Европа, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

„На Денот на Европа, повторно зборуваме за иднината на Европа – за мирот, заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент, и треба да се вратиме кон основите, кон она што нѐ обединува и заради кои сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка европска иднина – сѐ уште нереализиран сон на многу генерации македонски граѓани… Она што нѐ обединува се вредностите и стремежот за подобар живот за македонските граѓани кои тоа го заслужуваат, преку итно откочување на евроинтегративниот пат.

ЕУ нема да биде целосна додека не ги интегрира и земјите од Западниот Балкан и на тој начин го комплетира проектот на обединети европски држави – рече вицепремиерот Димитров.

Тој подвлече дека Северна Македонија не само што сака да биде дел од Унијата, туку и често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така, конкретно преку нашето дејствување како стабилен партнер на меѓународната сцена и според зборовите токму на ЕУ, светол пример во регионот за решавање на тешки прашања.

„Тоа е патот по кој ќе чекориме одлучно и непоколебливо, нема да се откажеме без оглед на предизвиците, затоа што македонските граѓани заслужуваат да бидат и формално дел од ова семејство.”

Димитров: „Не можам, а да не завршам со мојата основна порака: нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа – 9 Мај.”

Иницијативата ЕУзаОтпорност обезбедува 40 милиони евра – во форма на бескаматни кредити и заеми наменети за поддршка на мали и средни претпријатија, како и на жени и мажи кои се соочуваат со ризик од невработеност. Проектот се спроведува со помош на Банката за развој на Северна Македонија и на Агенцијата за вработување. Тој е дел од вкупната поддршка за земјата поврзана со ковид-19, која достигнува околу 230 милиони евра и се состои од поддршка за здравствениот сектор, за ублажување на социо-економските последици од пандемијата и за набавка на висококвалитетни вакцини.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе