Аеродром: Дебата во училиштата за новиот образовен концепт

ОпштиниАеродром: Дебата во училиштата за новиот образовен концепт
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Вчера во ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа дебата во организација на Општина Аеродром во врска со новиот образовен концепт.

Помошник-раководителот на Секторот за образование, спорт, култура и заштита, Велимир Делетиќ, заедно со директорот на училиштето, Тони Димов, пред  директорите, наставниците и претставниците на советите на родители од основните училишта од Аеродром разговараа за новата концепција во образованието.

На средбата беше констатирано дека дигитализацијата на образовниот процес не значи целосно укинување на печатените учебници, туку, напротив, учениците ќе имаат право на избор на кој начин ќе ја следат наставата.

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно со потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој ќе може да одбере на кој начин да учи. Но доколку учениците имаат потреба од печатен учебник, училиштето ќе му го обезбеди тоа. За учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници со Брајово писмо, а лектирите и натаму ќе бидат достапни само во печатена форма.

Ваквите дебати ќе продолжат и понатаму со цел навремено и правилно информирање и спречување на дезинформациите на наставниците и родителите.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img