Аеродром: Усвоена тригодишната развојна програма

ОпштиниАеродром: Усвоена тригодишната развојна програма
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Советот на Општина Аеродром на последната седница ја усвои тригодишната развојна програма со која се предвидени и обезбедени средства, а исто така и е утврдена и динамиката за изградба на административната зграда на општината.

Согласно со предвидениот план, во најкус можен рок ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за административната зграда, а веднаш потоа ќе следува избор на изведувач на самата градба.

„Со изградбата на управната зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за висока месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани“, изјави градоначалникот Марин.

За почетните активности во врска со изведбата до крајот на оваа година веќе се испланирани 15 милиони денари, а другите средства за изградба ќе бидат предвидени со буџетите во 2022 и 2023 година подеднакво.

Општина Аеродром реализира уште еден од капиталните проекти ветени во изборната програма на градоначалникот Златко Марин.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img