Аеродром: Засадени брези

ОпштиниАеродром: Засадени брези
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Општина Аеродром и Дирекцијата за заштита и спасување спроведоа заедничка акција на засадување дрвја во рамките на кампањата „Недела на Дирекцијата за заштита и спасување“, а по повод 16-тиот роденден на Дирекцијата.

На оваа активност се вклучи претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, како и вработени во Дирекцијата.

„Зазеленувањето на просторот е долгорочна мерка за зачувување на животната средина, а целта е да се подигне свеста меѓу граѓаните за последиците од аерозагадувањето“, изјави претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

Засадувањето се одвива на три локации, во кругот на Дирекцијата, просторот кај кружниот тек во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ и во Ново Лисиче, на булевар АСНОМ.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img