Центар: 150 топли оброци храна по повод празникот Рамазан Бајрам

ОпштиниЦентар: 150 топли оброци храна по повод празникот Рамазан Бајрам
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна“, спроведоа уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската веросиповед кои живеат во Општина Центар. Со поддршка и донација од општествено одговорни компании, општината подели 150 топли оброци храна и 50 пакети прехранбени производи на социјално ранливите семејства во центарските населби Маџир Маало и Крњево.

„Би сакал на сите верници да им го честитам празникот Рамазан Бајран и заедно преку хумани и благородни дела да градиме мостови на толеранција, соживот и меѓусебна почит. Изразувам благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија во оваа акција и што преку заедничка хумана мисија им овозможивме на нашите сограѓани да го прослават празникот со топол оброк во нивните домови“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Оваа хуманитарна донација е обезбедена од општината во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори. Општина Центар како локална самоуправа продолжува и во наредниот период со проектот „Нула глад“ кој има цел да обезбеди помош и поддршка за најранливите категории граѓани кои живеат на територијата на Центар.

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img