spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици

Центар: Голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ  изврши увид во реконструкцијата на три улици во населба Крњево, улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам, кои се реконструираат по повеќе од 40 години. Градежните зафати опфаќаат поставување на нов коловоз, тротоари, рабници и атмосферска и водоводна канализација.

На улицата 164 се изведува 250 метри фекална и 270 метри водоводна канализација, се врши замена на долниот строј, се поставува 1375 метри квадратни нов асфалт, 254 метри квадратни тротоари и нови рабници од двете страни по цела должина на улицата.

На улицата 166 во тек е изведбата на 185 метри водоводна канализација. Покрај канализацијата, се поставуваат и 1017 метри квадратни нов асфалт, 231 метар квадратен тротоари и рабници од двете страни по цела должина на улицата.

Улицата Хусеин Бајрам добива 924 метри квадратни нов асфалт, тротоари со површина од 545 метри квадратни и нова водоводна и фекална канализација.

„Со овие реконструкции граѓаните на населбата Крњево по повеќе од 4 декади, добиваат нови, безбедни и квалитетни улици, изградени со најсовремени материјали. Нашите активности не застануваат тука, продолжуваме со реконструкциите и во наредниот период. Први наредни улици се крак од Тасино Чешмиче и улицата Драмска, а ќе се реконструираат и уште 9 други“, изјави при посетата градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар во изминатиот период реконструираше други 23 улици, а со овие 14 кои се на ред за реконструкција до крајот на летото, се добива вкупна бројка од 37 реконструирани сервисни улици.

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...