Две генерации и една модерна навика… Sarah Mace започна своја дигитална потрага

МаркетингДве генерации и една модерна навика... Sarah Mace започна своја дигитална потрага
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Да се убеди родител да прифати одредени нови навики, не секогаш претставува лесна задача. Но, понекогаш, возраста е ирелевантна и сè што е потребно всушност е само една едноставна одлука – кажување „Да“ на новите технологии со цел подобар и олеснет животен стил.

Sarah Mace е најновиот застапник за дигитални плаќања, а овие денови, заедно со Visa, таа започна своја дигитална потрага – да се убеди постарата генерација во нејзиното семејство зошто е корисно да имаат и користат мобилна апликација за плаќање. Првата “жртва”? Татко ѝ, Тони.

Според неодамнешно истражување реализирано од Visa, насловено како “Избирам дигитално”, повеќе од една третина од македонските потрошувачи користат мобилно плаќање, – опција која е достапна и во Македонија, факт кој Sarah го споделува со татко си во нејзиното најново видео на Instagram.

Трудејќи се да се заштеди што повеќе време за моментите кои навистина значат, користењето на дигиталното плаќање со помош на смартфон е избор кој Sarah го има направено пред една година – одлука која според неа ѝ ги има подобрено и уште повеќе модернизирано своите дневни навики – или како што нагласува, „Мојот живот стана навистина многу полесен. Модернизираните шопинг опции се патот кон попаметна иднина каде што дигиталната технологија е сојузник на потрошувачите.“

Но, дали обидот на Sarah со краткиот видео туторијал беше успешен? Дали го убеди татко ѝ да активира мобилен паричник на неговиот мобилен и да го “пензионира” неговиот old-school паричник?

Одговорот може да се пронајде на следното IGTV видео објавено од Sarah Mace на нејзиниот официјален Instagramпрофил:https://www.instagram.com/tv/COxfP32LyEt/

Информирањето на родителите е предизвик што вреди да се преземе.

Извор: Javnaadministracija.mk

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе