Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски е избран за член на советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка и функцијата ќе ја обавува во наредните 4 години.
„Навистина е голема чест да се биде дел од советот на МЦМС затоа што организацијата покажува силни резултати во проектите кои ги спроведува. МЦМС е организација која придонесе и за општина Крушево преку неколку проекти, а со моето членување во советот се надевам да придонесам што повеќе граѓани и општини да бидат опфатени со проектите. Благодарам на довербата и можноста“, изјави градоначалникот Христоски.
Градоначалникот Томе Христоски беше избран на 6-тата редовна седница на Центарот преку непосредно гласање.
За повеќе информации тука.
Извор: Крушево