Градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад, кој беше во официјална посета на Охрид.
На средбата се разговараше за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Извор: Општина Охрид