Велес: Студија за Јавен градски превоз

ОпштиниВелес: Студија за Јавен градски превоз
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Програмата за развој на Обединетите нации УНДП ја одобри апликацијата на Општина Велес за реализација на проект за подготовка на Студија за јавен градски превоз. За проектот кој е во вредност од околу 40.000 долари, во текот на вчерашниот ден УНДП објави и тендер за изработка на физибилити студија за оптимална мрежа и систем на јавен превоз за град Велес. Линк од објавениот тендерот е објавен и на фан страницата на Општина Велес.

 

„Оваа студија е од исклучително значење за граѓаните на Велес затоа што претставува основа за развој на јавен градски превоз креиран врз основа на потребите на граѓаните и со користење на сите мерки за развој на т.н зелена општина со вклучување на еколошки возила во јавниот превоз. Со овој документ ќе имаме можност во иднина да аплицираме на значајни проекти за развој на јавниот превоз. Реализацијата на проектот претставува и конкретна реализација на една од најзначајните активности во рамките на нашиот План за одржлива урбана мобилност за периодот 2019-2030 година. Ја користам оваа пригода да ги поканам сите стручни институции и експерти од областа на сообраќајот и развојот на јавниот превоз да се јават на тендерот распишан од УНДП и да придонесат за изработка на физибилити студија што ги исполнува сите европски и меѓународни стандарди“, рече Коцевски.

 

Конечната вредност на овој значаен проект ќе биде позната по завршувањето на тендерската постапка.

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img