Велес: Тековни градежни активности

ОпштиниВелес: Тековни градежни активности
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Градежната експанзија во Општина Велес е во тек и моментално во градот се реализираат следниве градежни актоивности согласно програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година.

Во тек се градежни работи за асфалтирање  на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ,  планирање на терен , извршено е тампонирање , поставени улични рабници , фино планирање на тампон пред асфалтирање

Во тек се активности за дислокација на постоечки инсталации на телеком, ЕВН, водоводен приклучок за касарната, поместување на оградата помеѓу касарната и градилиштето,  сѐ со цел  да се создадат услови за отпочнување на градежни активности за асфалтирање на дел од улица “ Новопроектирана 2-2 “локалитет Касарна.

Извршено е санирање на оштетена делница на коловозот со површина од околу 300 квадратни метри  на улица „Андон Шурков“ во непосредна близина на кулите кај Узус , при  што се отстрани асфалтот, се изврши ископ на тампонкскиот слој извршено е тампонирање со нов материјал 30 сантиметри, и на крај се асфалтираше.

Во тек се активности за асфалтирање на улици во село Црквино со кофинансирање во должина од околу 580 метри. Рабпотите опфаќаат ископ, тампонирање и асфалтирање на улиците.

Во моментов се подготвуваат припремни работи за отпочнување на градежни работи за бетонирање на дел од улица „Крали Марко“ во должина од околу 115 метри каде ќе се изврши вадење на постоечката оштетена подлога, припреми на површината пред бетонирање и бетонирање согласно условите на терен.

Се започна и со реализација на проектот “Изведба на атмосферска канализација“ за заштита на локацијата каде се наоѓа фудбалското игралиште во Оризари од поплавување со атмосверски води.

Во тек се градежни работи за  набавка и поставување на сепаратор во функција на паркингот на езеро Младост кој е дел од проектот “Смарт езеро Младост “

Отпочнато е со реконструкција на водоводна линија на улица „Орце Мартинов“ финансирана преку проектот од Министерството за транспорт и врски.

Во тек е проектот за изградба на систем за водоснабдување на село Раштани и Бузалково со вода за пиење од градскиот водовод.

Се поставува урбана опрема на локација -езерце во Градски парк и во село Оризари, како и тековно одржување на урбана опрема во Велес.

Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт  на дел од улица „Благој Ѓорев“ и „8ми септември“ со површина од околу 4000 квадратни метри.

Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт  на дел од улица  „Асном“ со  површина од околу 4800 квадратни метри.

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img