Општина Богданци ги известува жителите на населено место Ѓавото дека на ден 25.05.2021 година (вторник) правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица ќе започне со градежни активности на реконструкција на главната улица во Ѓавото. Градежните активности ќе се состојат од машинско вадење на стариот асфалт, расчистување на теренот и транспорт на градежниот шут до депонија.
Од овие причини сообраќајот на главната улица во ова населено место ќе се одвива отежнато и со застој, поради што Ве замолуваме на разбирање.
Извор: Општина Богданци