Врз основа на Решение бр. 20-373/2 од 20-803/1 , донесенo од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 6 (шест) амбасадори за еТвининг акциjaта
Во согласност со работната програма за 2019-2021г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено да избере 6 (шест) амбасадори за еТвининг акцијата со мандат кој ќе трае до крајот на 2021год.
Кој може да аплицира?
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Да се вработени во основно, средно училиште или градинка во Република Северна Македонија
– Да се регистрирани на еТвиинг порталот
– Да се поседуваат најмалку една еТвининг ознака за квалитет
– Да поседуваат најмалку еден сертификат за професионален развој во еТвининг платформата
– Да користат ИКТ алатки неопходни за работа во еТвининг порталот
– Да имаат развиено организациски, комуникациски и презентациски способности.
При пријавувањето ќе се земе во предвид амбасадорите да застапуваат различни образовни институции и различни општини низ земјава
Задачи на амбасадорите
1. Претставување и промовирање на еТвининг активностите во склоп на Еразмус+ програмата
– Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да организира месечно по еден вебинар на теми кои се приоритет за еТвининг и Еразмус+ програмата со најмалку 10 учесници.
– Темата треба да е секој месец различна и да е главно поврзана со приоритетите на еТвининг и Еразмус+ програмата: Медиумска писменост и дезинформацја, инклузија, дигитална трансфотмација- ИКТ, екологија, демократско општество и европски вредности, вклучително и теми надвор од приоритетите, но сепак се силно поврзани со еТвиниг и Еразмус+ програмата. уТемата ќе биде во договор со еТвининг одделението
2) Организирање на информативeн ден
– Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да организира месечно по еден информативен ден со најмалку 10 учесници;
– Целта на информативниот ден е зголемување на бројот на корисници на порталот, запознавање на воспитувачите, наставниците, професорите, директорите, локалната заедница со еТвининг порталот и можностите кои оваа платформа ги нуди.
Финансиска надокнада?
Во текот на планираните активности важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг одделението и да добијат согласност за своите активности.
НАЕОПМ исто така ќе им дава финансиска надокнада на ангажираните амбасадори во износ од 2000,00 ден од онлајн настан. Исплаќањето на сретствата ќе се врши на крајот од нивниот ангажман со доставување на фнален извештај.
Оддржување на онлајн настаните
-Настаните ќе се оддржуваат во eTwinning Live платформата или друга платформа во договор со еТвининг одделението. Пред и по секое оддржување на настанот, потребно е амбасадорот да го пријави истиот до еТвининг одделението и да достави извештај или снимка од настанот, како доказ дека се одржал.
Начин и рок за аплицирање?
Аплицирањето ќе биде по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 28.05.2021 година до 16:00 часот. Избраните еТвининг амбасадори ќе бидат ангажирани за периодот 01 јуни до 31 декември 2021 и НА ќе потпише договор со нив во времетраење на нивниот ангажман.
Кандидатите е потребно да достават
- еТвининг портфолио
- еТвининг озака за квалитет не постар од една година
- сертификат од учество на еТвининг настан не постар од една година
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност