spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Просторот зад ТЦ „Бисер“ ќе добие нов лик

Аеродром: Просторот зад ТЦ „Бисер“ ќе добие нов лик

Советот на Општина Аеродром на неодамнешната 55-та седница го изгласа ребалансот на буџетот за 2021 година, со кој се пренаменија средства за проекти од интерес на граѓаните на Аеродром.

Имено, и оваа година, во насока на заштита на животната средина, за жителите на Аеродром се обезбедени средства за субвенции за велосипеди. Исто така, Општината ќе доделува еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2020/2021 година.

Преку ребалансот се издвоени средства за уредување на просторот зад ТЦ „Бисер“, кој ќе прерасне во современ сквер со повеќе содржини. Исто така, овозможени се и средства за изградба на управна општинска зграда, за која неодамна беше избрано идејно решение.

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте