Лошо живеат земјоделците, неисплатени и намалени субвенции, ниски откупни цени, несигурен откуп, запустени населени места, никаква сигурност за живот

Политички партииВМРО-ДПМНЕЛошо живеат земјоделците, неисплатени и намалени субвенции, ниски откупни цени, несигурен откуп,...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера и денеска продолжуваат со акцијата „Пратениците со народот“, посетени голем број на населени места и остварени средби со стотици граѓани кои гласно ги соопштуваат проблемите со кои се соочуваат.

Пратеничките Јадранка Поцкова и Ели Панова ги посетија населените места во Струмичко, с.Сачево и с.Просениково, а таму граѓаните сакаат промени и смена на оваа ненародна власт.
-Се жалат граѓаните на неисплатени субвенции од минатата година за житариците. Млекото се дава по многу ниски цени. Ниски цени на раноградинарските култури краставицата и пиперката. Последните 5 години заради партиски вработувања , голем дел од младите се иселуваат. Неисплатени се субвенциите за зелката по 3 денари на килограм, пренесе пратеничката Поцкова од Струмичко.
-Земјоделците се жалат на несигурен откуп и ниски откупни цени за земјоделските производи, на проблеми со субвенциите, проблеми со платежната агенција односно дека не излегуваат на лице место за увид во посевите и велат дека донесени се паушални Решенија. Лошо се живее, во државата не владее правото, не постои никаква сигурност затоа младите се селат и се откажуваат од обработка на нашето земјиште. Локалната власт не реализирала ништо од ветените проекти, во Сачево нема ниту канализација а во Просениково се жалат на немањето систем за наводнување, користењето на сопствените ископини е скапо бидејки нафтата е скапа. Иако на неколку километри до Струмица овие две населени места се целосно запустени, а пристапот до селата се тесни патишта со дупки по кои неможат да се разминат 2 кoли, пренесе пратеничката Ели Панова од Струмичко.
Пратеничката Ангелинка Петкова ги посети населените места Ѓаково, Стојаково, Селемлија, каде граѓаните навистина се незадоволни од неисполнетите ветувања на власта.
-Сточарите се жалат на неисплатени субвенции за 2020 и намалени субвенции за млекото за 2 денари, несигурен откуп и ниски откупни цени за земјоделските производи, покачена акциза за нафтата, се дел од бројните проблеми кои се соочуваат граѓаните во овие населени места, пренесе пратеничката Петкова.

Извор: ВМРО

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img