Во рамки на проектот „Отворена спортска недела”, кој се реализира во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, и под покровителство на Агенција за млади и спорт, ученици од ООУ „Партенија Зографски” од општина Кисела Вода, планинареа на Водно.
Учениците на планината се искачија во придружба со наставниците Тамара Стојанова, Даниел Бојчевиќ, и директорот на училиштето Мартин Мартиновски.
Извор: Општина Кисела Вода