spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирана улицата Широка

Битола: Асфалтирана улицата Широка

Градоначалничката Наташа Петровска, изврши увид на градежните активности на улицата „Широка“.

Како поврзување на претходната инвестиција и комплетирање на проектот за нова улица, локалната самоуправа инвестираше во реконструкција на вториот дел на улицата „Широка“. Улицата се асфалтира после повеќе од 30 години, а градежните активности се завршени во период од две недели. Вкупната вредност на проектот изнесува 702.365,00 денари.

Локалната самоуправа, предводена од градоначалничката Петровска, во 2019 година, изврши комплетна изградба на другиот дел од улицата „Широка“ во должина од 500 метри, при што таа улица беше асфалтирана за првпат. Во овој дел поставено е уличното осветлување и направени се тротоари. Вкупната вредност на проектот за изградба на новиот дел од улица „Широка“ изнесуваше 3.300.000 денари.

Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во урбаниот и руралниот дел на општина Битола, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани.

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...