Карпош: Се садат нови 50 дрвја

UncategorizedКарпош: Се садат нови 50 дрвја

Најчитано

Комуналните служби на општина Карпош ја започнаа акцијата за садење на 50 нови, висококвалитетни дрвја.

 

Од Карпош 2, од улицата „Никола Тесла“ започна садењето на јавори, јасени, липи и туи. Оваа еко – акција паралелно се спроведува низ повеќе населби: Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1, Козле, на „Млечен“ и во Криви Дол.

 

При теренскиот увид, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека локалната самоуправа во континуитет работи на зголемување на меѓублоковското зеленило и дека се зголемени средствата за заштита на животната средина:

 

  • Неодамна, завршивме и со садење на 200 ореви, а со ребалансот на Буџетот ги зголемивме средстватаво сферата на екологијата.За оваа сезона, планираме 13 милиони денари за нови тревни површини, украсни растенија, како и системи за наводнување. Предвидовме и повеќе средства за расчистување на депонии и за набавка на современи дувалки за лисја, рече Богоев.

 

Исто така, општина Карпош обезбеди и повеќе буџетски пари за одржување на детски и спортски игралишта, како и поставување на повеќе клупи и корпи за отпадоци.

 

Основната цел е да се креираат што е можно повеќе зелени површини – маалски паркови по населбите. Овие јавни простори се места за спорт и рекреација за сите граѓани.

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе