spot_img

Велес: Презентиран новиот Образовен модел

ОпштиниВелес: Презентиран новиот Образовен модел

Најчитано

Новиот Концепт за образование на Министерството за образование и наука,  беше презентиран пред родителитe и наставниците на Општинските основни училишта „Блаже Конески“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Стојан Бурчевски Буридан“ во Велес. На трибината учествуваа Градоначалникот Коцевски, Пратеникот во Собранието на РСМ Ненад Коциќ и претставници на општинската администрација.

Директорите на основните училишта објаснија дека дека ова е темелна реформа која се прави за подобро, поквалитетно образование на нашите деца. Користени се меѓународни искуства кои не преставуваат копија на ниту едно решение. Од следната учебна година, по нови наставни програми ќе учат учениците од прво до четврто одделение.

Македонскиот модел ќе биде комбиниран односно од прво до трето одделение за учениците ќе се обезбедат хартиени учебници додека за учениците од четврто и етапно погорните одделенија се обезбедени дигитални ученици. Доколку има потреба од печатен учебник, училиштето каде што учениците посетува настава ќе ги обезбеди истите. Интеракцијата помеѓу наставникоти ученикот ќе се зголеми, а работењето на родителите со децата ќе се намали.

Во дебата се вклучија и родителите кои се интересираа за начинот на реализација на предметите.

Новиот образовен модел со дигитализација ќе овозможи полесно и поефикасно совладување на материјата. Нема дополнително да го оптовари домашниот буџет затоа што учебниците и дигиталните уреди, неопходни за одвивање на наставата, ќе бидат на товар на општината.

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе