Гевгелија: Распишан јавниот повик за реализација на германскиот грант од КfW банката

ОпштиниГевгелија: Распишан јавниот повик за реализација на германскиот грант од КfW банката
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Распишан е јавниот повик за реализација на германскиот грант од 2.500.000 евра што се реализира преку KfW Банката. Имено, започна постапката за Меѓународно конкурентно наддавање во една фаза со квалификација за проектот „Програма за водовод и канализација Македонија, фаза II Набавка на работи за Општина Гевгелија“. Станува збор за проект финансиран од KfW, со кој ЈПКД „Комуналец″- Гевгелија има намера да примени дел од приходите за исплата според договорот за набавка на работи во Општина Гевгелија.

Проектот вклучува изградба и рехабилитација на мрежи за водоснабдување, канализациони мрежи за атмосферски води и набавка на опрема во општина Гевгелија. И, тоа: рехабилитација на водоводна линија Гевгелија – Богородица, изградба на водоводна линија за довод на вода за Негорци и Прдејци, изградба на атмосферска канализациона мрежа на улиците „Јосиф Јосифски“, „Ристо Фаршинин“, „Илинденска“ и околината, изградба на атмосферска канализациона мрежа на улиците „Никола Карев“ и дел од улица „Серменинска“ и опрема: дистрибутивни вентили за водоводна мрежа; набавка на водомери со безжични модули за читање и набавка и инсталација на протокомери.

Заинтересираните фирми за изведба на градежни и инженерски работи, исполнувајќи соодветни квалификации, треба да ги достават понудите на англиски и македонски јазик најдоцна до 14 јули 2021 година, до 11:00 часот, во канцелариите ЈПКД „Комуналец”. Тендерските документи и дополнителни информации може да се добијат од Јавното претпријатие по претходно поднесено барање и приложена уплата од 100 евра или во денарска противвредност.

Повеќе информации можат да се добијат на следниов линк: Покана за доставување понуди за изведба на градежни и инженерски работи, Програма за водовод и канализација, фаза II.

Извор: Општина Гевгелија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img