spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНаместо да се бараат тие што украле пари од РЕК, МВР ги...

Наместо да се бараат тие што украле пари од РЕК, МВР ги бара свиркачите

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос на борбата со Ковид-19 вирусот.

Мицкоски потенцираше дека оваа Влада е синоним за криминал, рекет и корупција, поради тоа што секојдневно излегуваат нови скандали на виделина, а последен во низата е скандалот во РЕК Битола. Уште поголем скандал е што одговорните институции наместо да реагираат и да ги приведат луѓето кои правеле криминал, тие се занимаваат со луѓето кои што сметаат дека ги дале информациите до ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Ние како политичка партија ги доставивме документите и доказите за да се спроведе процедура од ЈО, исто така документите докажуваат дека луѓето кои ги дале информациите не се партиски послушници како што СДСМ сака да ги прикаже пред јавноста, задскривајќи ги криминалите во сопствениот двор, додава Мицкоски.

“Симптоматично за СДСМ и Владата предводени од Зоран Заев е тоа што секогаш кога се фатени со рацете во криминал, тие ја префрлаат топката во туѓи дворови и напаѓаат други политички партии. Наместо да манипулираат со јавноста и секојдневно да лажат со цел да ги сокријат функционерите кои што крадат народни пари, нека се одважат да кажат дека во редовите имаат коруптивни личности, кои што оперираат насекаде низ државата, па и во РЕК Битола”, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е запознаен со низа криминални и коруптивни скандали од страна на власта, но јавноста ќе има шанса да ги види и да сведочи на тие криминали во наредниот период, кога граѓаните ќе можат да ја доусовршат во својата перцепција сликата за оваа криминална власт, заврши Мицкоски.

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...