СЕП: Никола Димитров стана член на реномираниот меѓународен тинк-тенк ECFR

ВладаСЕП: Никола Димитров стана член на реномираниот меѓународен тинк-тенк ECFR
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Средба со Весела Чернева од Европскиот совет за надворешни односи:
Никола Димитров стана член на реномираниот меѓународен тинк-тенк

На покана на ко-претседавачите на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), вицепремиерот Никола Димитров стана официјален член на ECFR, водечка меѓународна тинк-тенк организација посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

Советот на ECFR ги обединува најистакнатите високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во стратешки ориентирана пан-европска заедница посветена на развивање политики засновани на вредности, унапредување на стабилноста и сигурноста на Европа. Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд – поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ООН и ЕУ, д-р Лик Фрајс – директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген – германски пратеник, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

По тој повод, вицепремиерот Димитров денеска во Скопје се сретна со заменик-директорката на ECFR и раководителка на канцеларијата во Софија, Весела Чернева, со која разговараа за неговата улога како член во Советот и оптимизирање на можностите за соработка.  Димитров се заблагодари за честа да се приклучи на престижниот ECFR и изрази уверување дека ќе работи посветено за да придонесе кон исполнување на мисијата на оваа уникатна платформа за поврзување на убедените Европејци.

Димитров: „Вистинска чест е да ја добијам оваа лична покана која ја прифатив со огромно задоволство. Можноста да соработувам одблиску со колегите од ECFR и членовите на Советот кои се ценети мислители и креатори на глобални одлуки е голема привилегија. Верувам дека моите и лични и професионални цели, вредности и принципи се усогласени со оние на ECFR, насочени кон создавање подобра, посигурна, побезбедна Европа за доброто на сите граѓани. Особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални предизвици и настани кои менуваат светски текови и ги преиспитуваат столбовите на меѓународниот поредок.”

Во име на  ECFR и од свое лично име, Чернева го пренесе задоволството за прифаќањето на поканата за вклучување на Димитров во Советот и нагласи дека е прилика за заедничко делување во насока на зацврстување на вредностите на меѓународниот поредок, но и зближување на Европа и застапување на европската иднина на Западниот Балкан.

Преку членството во Советот на ECFR кое се надоврзува на неговите професионални ангажмани, вицепремиерот Димитров ќе продолжи да се залага за европската иднина на Западниот Балкан.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img