МТСП: Им честитам на згрижувачките семејства кои со многу љубов, топлина и поддршка се грижат за своите згрижени деца

МинистерстваМТСП: Им честитам на згрижувачките семејства кои со многу љубов, топлина и...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

„За едно дете расте среќно, задоволно, исполнето и за да напредува натаму во животот, неопходна му е поддршката која што ја добива во семејството. Поаѓајќи од мотивот „на секое дете му е потребно семејство“, како  социјална држава,  институционалното згрижување на децата  го заменивме со други форми на згрижување во заедницата- згрижувачки семејства, како друг хуман облик на грижа за најмладите“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по посетата на едно од згрижувачките семејства во Скопје, на Меѓународниот ден за згрижувачки семејства и Денот на заштита на детето.

Таа посочи дека новиот Закон за социјална заштита, ги  воспоставува и Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, чија цел е поддршка на згрижувачките семејства, преку  подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства, како и следење и давање на поддршка на постојните згрижувачки семејства. Два такви центри наскоро ќе бидат отворени во Скопје и Битола.

„Примерот за семејството кое што денес го посетивме и кое што пред три години згрижи детенце кое што имало отстапување во својот развој и кое што за нецели три години, постигна извонредни резултати во својот развој, во изразување на своите емоции со разговетен и јасен говор, детенце кое рамноправно со неговите другарчиња посетува градинка, говори,  дека начинот на кој што државата воспоставила механизам на грижа за децата, преку згрижувачките семејства ги дава вистинските резултати“, потенцираше министерката Шахпаска.

Таа на згрижувачките семејства им го честиташе Меѓународниот ден за згрижувачки семејства и Денот за заштита на детето, и им порача да продолжат со својата хумана мисија, со многу љубов, толеранција и поддршка да се грижат за нивните згрижени деца.

Сашо Илиоски, таткото на згриженото дете, изрази благодарност до Министерството за труд и социјална политика, за шансата да бидат згрижувачко семејство  и да се остварат како родители.

„Со нашата грижа ја пружаме целата љубов кон него, како да е наше дете, и сега веќе после три години ги гледаме резултатите и сме наградени со нив“ изјави Сашо, еден од родителите-згрижувачи.

Тој посочи дека со многу труд, разбирање, трпеливост резултатите се неминовни.

Во Република Северна Македонија има 214  згрижувачки  семејства во кои се сместени 387 корисници и  79  роднински згрижувачи во кои се сместени  107 корисници.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img