Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 Јуни 2021 година, со следниот распоред:
На 07.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
На 08.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
На 09.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Извор: Општина Богданци