Градежната офанзива во Ѓорче Петров го засилува темпото – во текот на вчерашниот ден после долги години првпат е извршена целосна санација на улицата „Александар Македонски“.
Покрај асфалтирањето на овој дел, во Дексион истовремено се асфалтираат уште неколку улици и краци.
Воедно, ЈП „Улици и патишта“ истовремено работи и на ослободување на троторот за пешаци кај Геронтолошки завод на потегот кон основното училиште „Ѓорче Петров“.
Извор: Општина Ѓорче Петров