Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски одржа работна средба со Здружението на пензионери на општина Ѓорче Петров каде се потенцираа идните заеднички активности.
Акцент беше ставен на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Здружението, како и поддршка од страна на општината во делот на опремување на просториите.
Општината воедно понуди поддршка и во спроведување на истражувања за изработка на социјална карта на ранливи групи на пензионери.
На овој начин се покажа дека општината е активен партнер во спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на живеење и социјалниот живот на пензионерите.
Извор: Општина Ѓорче Петров