ДКСК: Локален краткорочен експерт за ИКТ (спречување корупција) во „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Огласи за вработувањеДКСК: Локален краткорочен експерт за ИКТ (спречување корупција) во „Поддршка на ЕУ...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Работодавач: Агенција за европска интеграција и економски развој GmbH
Локација: Скопје, Северна Македонија
Вид на вработување: краткорочен ангажман
Очекуван почеток: јуни, 2021
Очекувано времетраење: 20 работни дена, јуни – август, 2021

КОНТЕКСТ

Локалниот краткорочен експерт за ИКТ во компонентата 3 (спречување корупција) ќе работи како дел од тимот за имплементација на грантот доделен од страна на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото’’  во Северна Македонија. Проектот се спроведува од страна на искусно меѓународно партнерство под раководство на Агенцијата за европска интеграција и економски развој (АЕИ) и тројцата партнери – Министерството за правда и администрација на Република Хрватска, Министерството за внатрешни работи на Република Австрија и Институтот за основни и човекови права Лудвиг Болтцман.

Главната цел на проектот е зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија. Проектот има четири конкретни цели: 1. Зајакнување на капацитетите на правосудните институции за спроведување на правдата на транспарентен и одговорен начин, 2. Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на современи истражни техники во борба против организираниот криминал, 3. Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, и 4. Зајакнување на заштитата на основните права.

Локалниот краткорочен експерт за ИКТ во областа на спречување корупција (компонента 3) ќе ја поддржува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и лидерот на компонентата 3.

УЛОГИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Развивање на предложената инсталација и стартување на новите сервери во ДКСК
  • Миграција на поставки, апликации и бази на податоци од старата во новата опрема
  • Конфигурација на пасивна мрежа
  • Поддршка на ДКСК во ИКТ администрацијата и управување и обука за редовното одржување на системот и во секојдневната работа
  • Поддршка на ДКСК во подготовка на Оглас за ДКСК и компонентата 3 за тендер за развивање на меѓусебна поврзаност на бази на податоци и регистри на различни јавни институции
  • Поддршка на Лидерот на компонентата 3 во извршувањето на нејзините задачи

БАРАЊА

  • Одлично познавање на англиски јазик (писмено и усно).
  • Повеќе од 10 години работно искуство во областа на ИКТ.
  • Искуство со серверите OS, Ubuntu04, Windows 2008 и 2016
  • Искуство со бази на податоци Microsoft SQL и MySQL
  • Докажани одлични аналитички вештини со прагматичен пристап
  • Искуство во работа со институции и вработени во јавниот сектор во областа на ИКТ
  • Одлични усни и писмени комуникациски вештини и вештини за презентирање

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Апликациите мора да бидат испратени до dragan.kovacevic@aei.at (кликнете за да испратите E-mail) до 18 јуни, 2021 година, со назнака „Локален краткорочен експерт за ИКТ’’ во насловот на пораката, вклучувајќи Europass формат на CV (кратка биографија) на англиски јазик и мотивациско писмо. Апликациите кои ќе бидат испратени по истекот на рокот или непотполни апликации нема да бидат земени предвид. Само кандидатите селектирани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img