МЕ: Средба со економскиот советник во Амбасадата на НР Кина во Скопје, г-дин He Binghua

МинистерстваМЕ: Средба со економскиот советник во Амбасадата на НР Кина во Скопје,...

Најчитано

На средбата се разговараше за можните форми на соработка за поддршка на економиите на двете земји.

Согледувајќи ги следните активности што претстојат, двајцата согoворници потенцираа дека е плодотворно во октомври 2021 година, да се одржи Осмата седница на Мешовитата комисија по Договорот за трговска и економска соработка. Теми на разговор на седницата се предлагаат: најновата состојба со поволностите за инвестирање; соработката во земјоделскиот сектор (поддршка за извоз од РСМ на земјоделско-прехранбени производи); инфраструктурни проекти во транспортот и енергетиката; реформите во Светската трговска организација.

Се побара од Министерството за економија да учествува на претстојната ЕХПО церемонија и Меѓународниот саем за потрошувачки добра, што ќе се одржи на 8 јуни 2021 година

Билатералната трговска размена од 763 милиони САД долари во 2020 година и 199.5 милиони САД долари во првите три месеци на 2021 година, ја позиционира НР Кина на4 место по ред со кој Република Северна Македонија остварува најголем обем на размена со светот во 2020и на 5-то место во првите три месеци 2021 година.

Извор: Министерство за економија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе