Почитувани корисници на младинската картичка,
Ве известуваме дека по истекот на рокот кој е впишан на младинската картичка, согласно законот за млади и младинско учество каде јасно и прецизно се дефинира која категорија на лица влегува во категоријата млади, право на продолжување на истата имаат сите оние кои по истекот на рокот впишан на картичката, сеуште влегуваат во категоријата млади лица на возраст од 15 до 29 години.
Начинот на заменување останува ист со аплицирањето, односно секој кој сака повторно да ја поседува и да ја користи, аплицира за издавање нова картичка. Со издавањето на новата картичка, старата престанува да важи.
Извор: Агенција за млади и спорт