Агенција за млади и спорт и Сојузот за младинска работа ги доделија сертификатите на 14 младински работници за завршена програма за образование на возрасни во согласност со стандардот на занимање Работник со млади. Со тоа, за прв пат во нашата земја ќе бидат препознаени сертифицирани професионалци според еден од профилите на младинскиот работник, во согласност со Националното портфолио на младински работници. Сертификатите свечено ги додели Наумче Мојсоски, Директор на Агенцијата за млади и спорт и Ѓорѓи Тасев, Советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за млади и младински политики.
Сертификатите свечено ги додели Наумче Мојсоски, Директор на Агенцијата за млади и спорт и Ѓорѓи Тасев, Советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за млади и младински политики.
-Завршената обука и добивањето на сертификати го отвора патот за препознавање на „Работник со млади” како професија која ќе биде составен дел од секој младински центар и институциите во целина. Агенцијата за млади и спорт како институционален партнер на Сојузот за младинска работа останува на патот за учество на младите во сите сфери на општеството, истакна Мојсовски.
Советникот за млади Ѓорги Тасев истакна дека овој настан претставува круна на процес кој отпочна 2017 година.
-Вештините со кои се здобиваат младите со учество на образовни програми од ваков вид ќе потпомогне во изградба на општеството по терк и потреби на младите, истакна Тасев.
На настанот свое излагање имаше и генералниот секретар на Сојузот за младинска работа, кој заедно со Агенцијата за млади и спорт оваа четиримесечна обука ја спроведоа врз основа на стандардот назанимање Работник со млади, одобрен од Министерство за труд и социјална политика.
Извор: Агенција за млади и спорт