spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Во 4 општини, 8 нови пунктови на ЈП Комунална хигиена

Град Скопје: Во 4 општини, 8 нови пунктови на ЈП Комунална хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани, го посетија новиот пункт на јавното претпријатие лоциран во близина на Скопското Кале.

ЈП Комунална хигиена постави осум нови пунктови во четири скопски општини, што ќе им обезбедат соодветни услови за работа на вработените коишто секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија.

Со цел да им се создадат подобри услови при извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир и Шуто Оризари се заменети со нови монтажни објекти.

Директорот Шабани истакна дека една од нивните најголеми заложби е да им се обезбедат подобри услови на вработените коишто го носат главниот товар во извршувањето на дејноста на претпријатието.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија