Датум на одржување на семинарот: 12-16 Јули 2021 | Онлајн
Профил на учесници: младински работници, лица активни во полето на млади и креатори на политики за млади
Пријавувањето на овој семинар може да се направи најдоцна до 15 јуни, преку овој линк
По првото издание на Европската академија за младинска работа во 2019 година, мрежата на Еразмус+: Младинските национални агенции од Јужните земји на Европа донесоа одлука да инвестираат во подготвителен процес што ќе го поддржи и зајакне квалитетно учеството на младинските работници од Јужните земји, во второто издание на ЕАМР во ноември 2021 година. Новата активност промовирана од мрежата на Националните агенции од јужните земји има за цел:
да се направи посебен фокус на младинската работа, улогата на младинскиот работник и можните заеднички образовни политики во јужните земји;
да се приближат кон координиран напор за воведување на образовниот пристап на Југ во пан-европските настани за младинската работа;
да подготви придонес содржајно на 2-то издание на Европската академија за младинска работа.
Иновациите се клучна компонента на работата на младите. Флексибилноста, континуираната анализа на практиката и способноста за прилагодување на младинските работници се основа за развој на нивните компетенции и професионализам. Социо-едукативен контекст, развој на професионална рамка и компетенции и структури што ја поддржуваат младинската работа се елементи што можат да влијаат, да го забрзаат или успорат, да го збогатат или да го попречат развојот на младинската работа. Овие контекстуални елементи во Европа можат многу да се разликуваат од земја до земја и меѓу региони.
Под претпоставка дека иновацијата не е одредена само од овие елементи, туку исто така е под влијание и од културни фактори, кои од нив се специфични за јужните земји?
Активноста на младинските работници од Јужните земји од Европа ќе биде единствена можност да се ангажираат 50 младински работници, обучувачи, истражувачи и креатори на младински политики од јужните земји да се фокусираат на ова прашање. Да се испита преку проактивно учество на учесниците дали е можно да се издвојат низа на особености и услови што може да се наречат Јужен фактор.
Пристапот до младинските работници од земјите од Јужна Европа цели кон придонес за зајакнување на улогата (во смисла на признание и компетенции) на младинските работници од јужните земји, развој на синергија со засегнатите страни надвор од младинскиот сектор, како и подготовка на содржински придонес за второто издание на Европската академија за младинска работа .
Цел на Семинарот:
Да се идентификуваат заедничките потреби, тековните трендови и политики во врска со улогата на младинската работа и улогата на младинските работници во јужниот регион;
Размена на искуства и истражување на иновативни пристапи за улогата на младинскиот работник во јужниот регион за поддршка на развојот на квалитетна младинска работа;
Поттикнување на капацитетот на младинските работници во јужниот регион за идентификување и воведување на иновативни елементи во нивната практика за работа на млади;
Собирање елементи со цел за подготовка за придонес кон Европската академија за младинска работа.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност