spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите...

АФПЗРР: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде што вршат земјоделска дејност

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски беше во посета на успешно реализиран и поддржан проект преку програмата за рурален развој. Станува збор за младиот земјоделец Благојче Ристовски од Прилеп, кој со средствата кои се доделуваат преку мерката „112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.“ Директорот Бачовски посочи дека е горд што младите луѓе ги користат мерките за реализација на своите идеи.

„Овој проект е само еден од низата успешно реализирани проекти преку мерката 112, Млад земјоделец со подддршка до 10 илјади евра. Ристовски, доби финансиска поддршка од 302 илјади денари со кои набавил опрема за пчеларство и нуклеуси и, ова што во моментов го гледам е одлично завршен проект преку кој е поставена основата за сопствено одгледување на пчели и производство на мед. Како прв човек на АФПЗРР и како млад, сум многу горд на ваквите проекти, но и на мерките и политиките кои ги спроведуваме. Овие проекти само покажуваат дека секоја инвестиција во младите е инвестија и во иднината на нашата држава, во иднината и перспективата на економијата, на нови работни места. Ова е доказ дека ова е само еден од начините како ги мотивираме младите да создаваат свои бизниси, да отвораат свои фарми, да го модернизираат и зголемуваат производството на земјоделски производи.– рече Бачовски.
На денешната средба, Ристовски му појасни на директорот Бачовски дека преку оваа мерка успеал да си ја реализира желбата за одгледување на пчели, а поддршката која ја добил преку Агенцијата му била добредојдена за отпочнување на овој проект. Ристовски, апелира младите да не се плашат и да ги искористат поволностите кои ги нудат програмите и мерките за земјоделство и да си отвораат сопствени фарми, да произведуваат домашна храна и да ги развиваат местата каде што живеат.
Владата, Агенцијата, остануваат посветени на креирање на поволни услови за раст и развој на домашниот агро сектор. Земјоделството е нашата шанса за создавање на нови производи, отворање на нови капацитети и нови работни места кои ќе влијаат поволно на раст и развој на домашната економија.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...