spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДЗС: Наталитетот во 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија се родени вкупно 19 167 деца, од кои живородени се 19 031, а 136 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2020 година, во споредба со минатата година, е намален за 4.1 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.5%, односно на 100 живородени женски деца 106.1 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1835, се регистрирани во месец јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.6 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 години, а 27.5 години кај првите раѓања.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1991 година.

Во 2020 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 466 деца или 13.0 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...