spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Продолжуваме да ја дигитализираме работата на државната администрација

МИОА: Продолжуваме да ја дигитализираме работата на државната администрација

На последната владина седница се усвои Информацијата за состојбата на дигиталната трансформација во контекст на електронски услуги, клучни институции, пречки и следни чекори за дигитализација.

До крајот на 2021 година ќе овозможиме најмалку 30 % од органите на државната управа да имаат воведено електронски систем за автоматизација на административни постапки, а до крајот на 2024 година системот да биде воведен во сите органи на државната управа.

Досега преземени чекори за дигитална трансформација:
• Платформата за интероперабилност
• Централниот регистер на население
• Националниот портал за е-услуги
• Платформата за електронско управување на услуги (eSDP)
• ИСУЧР – Информациски систем за управување со човечки ресурси
• ДМС – Систем за електронско управување со документите
• Подобрување на ИТ инфраструктурата
Бројот на услугите на Националниот портал за е-услуги во моментот е 137.

Во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Управата за водење на матичните книги и наскоро ќе го зголемиме бројот на е-услуги на порталот, вклучувајќи услуги на овие институции.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...